Бактериите на водата
Бактериолошка анализа на водата Бактериолошката анализа на водата е метод за анализирање на водата со цел проценување на бројот на присутни бактерии и, доколку е потребно, одредување на видот на тие бактерии. Тоа е микробиолошка аналитичка процедура при која се користат примероци на вода од кои се одредува концентрацијата на бактерии. Од добиените вредности за концентрацијата се донесуваат заклучоци за квалитетот и погодноста на водата за користење. Овој процес се користи, на пример, за рутинска проверка на водата за пиење или на водата за капење и рекреациската вода. Кога се испитува вода која би требало да се користи за пиење, стандардите се многу строги, што не е случај за тестирање на водата за капење. Пристап Заедничка одлика на сите овие рутински испитувачки процедури е дека примарната анализа се состои во одредување на индикаторски организми наместо патогени кои би можеле да предизвикаат загрижување. Индикаторски организми се бактерии како што се неспецифичн...